Раскинаа, па се премислија: Џеси и Чејнинг повторно заедно? (ФОТО)

од Elena Daskalova

Пред помалку од еден месец раскинаа Џеси Џеј и Чејнинг Татум, но сега наводно, повторно се заедно. Папараците дури и успеале да фотографираат нивни нови заеднички фотки.

Пејачката и актерот раскинаа во декември, по речиси една година врска. Според медиумите, тие одличоле да си дадат уште една шанса и да ја обноват љубовта.

Нивните фанови тврдат дека поодамна знаат дека се смириле, но дека овојпат решиле врската да не ја експонираат во јавноста и да бидат подискретни.

По раскинувањето и интересот на медиумите и таблоидите, пејачката изјавила дека е шокирана и тажна што некој воопшто се обидува да навлезе во нејзината приватност. Тогаш таа изјави дека иако романтично веќе не се согласуваат, уште го негуваат пријателскиот однос.

Слични содржини