Raspberry Pi 3 Model A+ – мини-компјутер со 4-јадрен процесор, 512MB RAM, WiFi, Bluetooth и цена од 25 долари

од Vlatko K

Raspberry Pi Foundation е името на организацијата која ја развива популарната мини-компјутерска
серија со исто име. Моделите од гамата се продаваат по прифатлива цена и се слични на оние на
кредитна картичка. Видовме голем број на импресивни проекти инспирирани од Raspberry Pi. Ако
сте заинтересирани за такви производи, треба да знаете дека започнаа продажбите на новата
верзија на Raspberry Pi 3 Model B +.

Ажурираниот уред всушност се нарекува Модел А + и е помал по големина и поевтин. Новиот
модел користи 64-битен процесор со четири јадра и брзина од 1.4GHz. Raspberry Pi 3 Model А +
вклучува поддршка за Bluetooth 4.2, како и за Wi-Fi (2.4GHz и 5GHz), извести „TechRadar“.
Корисниците исто така ќе можат да го стартуваат уредот побрзо и полесно од надворешни USBуреди.

Креаторите на уредот исто така го подобрија системот за управување со енергијата, кој ќе осигура
дека Raspberry Pi 3 Model A + нема да се загрева, дури и при продолжена употреба. Меѓутоа,
намалувањето во големината е поврзано со интеграцијата на 512MB RAM, а не 1GB RAM меморија,
како и во претходната верзија. Новиот модел има само една USB 2.0 порта наместо четири и нема
Ethernet конектор. Цената е 25 долари.

 

Слични содржини