Распишани изборите за претседател на Словенија

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателските избори во Словенија, на кои ќе се избира наследникот на Борут Пахор, ќе се одржат на 23 октомври, објави во средата претседателката на парламентот Уршка Клакочар Жупанчич, по потпишувањето на одлуката за нивно распишување.

Изборните рокови почнуваат на 22 август, кога е можно поднесување кандидатури, по што започнува и официјалната предизборна кампања.

Во случај кога е потребен втор круг од изборите, во кој се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу гласови освоени во првиот круг, тој мора да се одржи во рок од три недели.

Новоизбраниот претседател треба да положи заклетва во парламентот на 23 декември, ден по истекот на вториот петгодишен мандат на актуелниот претседател Пахор, пренесува „Хина“.

Слични содржини