Расплаканата Адел ги откажа настапите во Лас Вегас (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Британската пејачка Адел во солзи и со извинување ја одложи серијата концерти во Лас Вегас, од кои првиот требаше да биде денеска, бидејќи половина од нејзиниот тим е заразен со Ковид-19, додека пандемијата предизвикала доцнење и на концертната опрема.

Адел требаше да го започне својот тримесечен престој во хотелот Цезар Палас во Лас Вегас, што ќе биде нејзино прво гостување во живо од 2017 година, пренесува Ројтерс.

„Се обидовме апсолутно се што можевме да направиме се на време. И тоа биде доволно добро за вас. Но, бевме апсолутно уништени од доцнењето на испораката и коронавирусот. Половина од мојот тим доби Ковид. И беше невозможно да се заврши шоуто“, изјави Адел.

Слични содржини