Расте бројот на мртви во Хрватска и Словенија

од Stefanija Kuzmanovska

Во изминатите 24 часа, во Хрватска се регистрирани 2.323 нови случаи на заразени со коронавирус, а 47 лица починале.

Националниот штаб за цивилна заштита објави нови податоци за епидемијата на коронавирус во Хрватска.

Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 19.161.

Меѓу нив, 2.093 пациенти се во болница, од кои 244 се на апарати за дишење.

Словенија пак денеска го сруши црниот рекорд по бројот на смртни случаи од последиците од коронавирусот.

Во Словенија, рекордни 59 лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, а потврдени се нови 1.302 случаи.

Словенечките медиуми јавуваат дека во болниците има 1.299 пациенти, од кои 204 се на интензивна нега.

Слични содржини