Расте бројот на заразени од корона во светот: Во Бразил 41.906 новозаразени, во Индија уште 72.049 инфицирани, во Чешка нов црн рекорд

од Aleksandar Petrovski

Во Бразил, во вторникот се регистрирани 41.906 нови случаи на вирус на корона, што е најголем дневен број на заразени од 11 септември, објави Министерството за здравство на таа земја.

Според Ројтерс, починале 819 лица, со што бројот на починати е 147.494.

МЕКСИКО

Министерството за здравство на Мексико пријавило 4828 нови случаи на инфекција со коронавирус и 471 смртни случаи во последните 24 часа.

Вкупно се заразени речиси 795 илјади луѓе, а 82.348 починаа, пренесува Ројтерс.

Мексиканската влада соопшти дека реалниот број на инфекции со ковид е веројатно многу поголем од потврдените случаи.

ИНДИЈА

Во Индија, во последните 24 часа се регистрирани 72.049 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број на заразени е 6,76 милиони, објави Министерството за здравство.

Починаа 986 лица, а вкупно 104.555, пренесува Ројтерс.

Бројот на пациенти кои починаа од последиците на Ковид 19 од почетокот на пандемијата надмина 100.000 во саботата, така што Индија е трета земја во светот според бројот на жртви по САД и Бразил.

КАНАДА

Здравствените власти во Квебек известуваат за рекорден број на нови случаи со КОВИД-19 втор ден по ред.

Во покраината имало 1.364 нови случаи во последните 24 часа, со што вкупниот број случаи во Квебек достигна 81.014.

Сега во болницата има 397 лица, што е зголемување за 36 во споредба со претходниот ден, додека 67 лица се на интензивна нега – зголемување за пет.

Монтреал, со 442 нови случаи, и регионот Монтерези јужно од градот, со 223, отпаѓаат на речиси половина од нови инфекции, додека градот Квебек пријави нови 201 случаи.

Во понеделникот, покраинската влада објави нови мерки насочени кон забавување на ширењето на вирусот во училиштата. До 2 октомври, датумот до кога беа достапни податоците, 666 училишта имаа активни случаи КОВИД-19 меѓу вработените или учениците.

ЧЕШКА

Нов црн рекорд на новозаразени со вирусот корона беше поставен во Чешка, кога тестовите во вторникот открија 4.457 позитивни случаи, што е за 700 повеќе отколку според статистиката на Министерството за здравство во понеделникот. Во Чешка која има 10,7 милиони жители вкупно од почетокот на пандемијата со коронавирус потврдени се 90.022 случаи, а 794 лица починаа.

Од 40.440 активни случаи во болниците, според нецелосни податоци, до вторникот попладне, 1.387 пациенти биле поради ковид-19, од кои 326 биле во сериозна состојба, барајќи интензивна нега или дишење.

Чешката влада и новиот министер за здравство, Роман Примула, се загрижени за наглото зголемување на бројот на хоспитализирани и сериозно болни пациенти, особено од средината на септември, повеќе од ненадејниот број на заразени лица кои имаат претежно благи или без симптоми.
Бројот на хоспитализирани Чеси се зголеми за две третини во последната недела, а бројот на пациенти во сериозна состојба за три четвртини на 326, додека бројот на смртни случаи е зголемен за една четвртина од почетокот на минатата недела.

Во петок, министерот за здравство Примула ќе претстави разни варијанти на можно натамошно долгорочно заострување на мерките за да се врати епидемијата под контрола.

Синоќа министерот за приватна ТВ Нова објави дека некои натамошни построги мерки, кои тој не ги прецизираше, ќе стапат во сила наредниот понеделник.

Чешка е втора најлоша во Европа во последните 14 дена според бројот на новозаболени лица по Шпанија, а последната што ја стави Чешка на списокот на ризични земји, црвените на европскиот семафор „Ковид-19“ е Романија.

ГЕРМАНИЈА

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 2.828 во последните 24 часа, објави Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

Шеснаесет пациенти починале од последниот пресек, пренесува Ројтерс.

Вкупно беа заразени 306.086 лица, починаа 9.562 лица.

Слични содржини