Расте бројот на жртви од нападот во Кременчук

од Stefanija Kuzmanovska

Пожарникарите и војниците денеска трагаат по преживеани во урнатините на трговскиот центар во украинскиот град Кременчук, откако најмалку 18 лица загинаа во руски ракетен напад.

„Повеќе од 1.000 луѓе беа внатре кога две руски ракети погодија трговски центар во Кременчук, југоисточно од Киев, во понеделникот, но за среќа многумина успеаја да излезат“, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски, пренесува „Ројтерс“.

Повеќе од 40 лица се пријавени за исчезнати, соопшти Канцеларијата на државниот обвинител на Украина.

Слични содржини