Расте бројот од жртвите од ерупцијата на вулканот во Индонезија (ВИДЕО)

од Milan1

Бројот на загинати во ерупцијата на индонезискиот вулкан Семеру се зголеми од 22 на 34, соопшти денеска портпаролот на Агенцијата за справување со катастрофи.

-Според последниот биланс, загинати се 34 лица, а 17 се водат за усчезнати, рече портпаролот.

До ерупцијата на вулканот дојде во саботата, кога повеќе од 10 села беа покриени со пепел и подоцна уништени.

Последната ерупција на овој вулкан се случи во јануари, кога немаше жртви.

Индонезија се наоѓа во Пацифичкиот огнен појас, каде што има чести земјотреси и вулкански ерупции.

Архипелагот во југоисточна Азија вклучува повеќе од 17.000 острови и повеќе од 130 активни вулкани.

Слични содржини