Расте излезноста- 5 % повеќе демиркапијци гласале во вториот круг од претседателските избори за разлика од првиот круг до 13 часот

од desk4

Пет отсто повеќе демиркапијци гласале во вториот круг од претседателските избори за разлика од првиот круг до 13 часот. Правото на глас го искористиле 36,36 проценти од вкупно 3.331 лице со право на глас на 11 избирачки места.

Според податоците од општинските изборни комисии, во сите четири општини од Тиквешкиот регион, денеска до 13 часот, гласале повеќе избирачи отколку до истото време на 21 април.

Слични содржини