Растот на цените на прехранбените производи не треба да ги загрижува граѓаните, вели Битиќи

од Берта Китинска

Растот на цените пред се на прехранбените производи не треба да ги загрижува граѓаните, вели вицепремиерот за економија Фатмир Битики

Тој посочи дека ситуацијата е под контрола, и нема посериозни зголемувања на цените. Додавајќи дека и владата не сака да реагира со евентуални мерки за ублажување на ценовниот шок, се со цел пред избори да не биде погрешно разбрана.

„Мислам дека во овој момент е под контрола и од аспект на зголемување на цени и од аспект на инфлацијата мислам дека граѓаните во овој момент не треба да бидат загрижени зошто сите показатели укажуваат дека нема да имаме ценовни шокови кои што би можеле да влијаат но еве да почекаме да поминат локалните избори и да зборуваме за подобри работи“, рече Битиќи.

Слични содржини