Расветлено убиството на Страхиња Стојановиќ: Распишана потерница по осомничениот

од Stefanija Kuzmanovska

Со ефикасна работа на полицијата, убиството на Страхиња Стојановиќ со автомобил-бомба во Нов Белград беше расветлено и ќе биде распишана потерница.

Осомничен за убиството на Стојановиќ е М.Л. (50), пренесува „Пинк.рс“.

Потсетуваме, Стојановиќ беше убиен минатата недела во експлозија на автомобил, кога со него во возилото била неговата партнерка, колумбиска државјанка.

Во експлозијата му биле ампутирани двете нозе, а кратко потоа им подлегнал на повредите во Ургентниот центар.

Неговата партнерка не претрпела сериозни повреди.

 

Слични содржини