Ние сме убедени дека со нападот на караулата Гошинце и со настаните од Диво Насеље, се сакаше да се дефокусира јавноста од прислушуваните разговори, изјави адвокатот на дел од обвинетите, Насер Рауфи, по завршувањето на денешната главна расправа за настаните од Куманово од 9 и од 10 мај минатата година.

naser-raufi1

Инаку, сите 29 обвинети, денеска на почетокот на судењето, се изјаснија за невини за обвиненијата тероризам и терористичка организација за кои се товарат.

– Ние сметаме дека има една генеза, односно една поврзаност на настаните од Гошинце и од Диво Насеље токму со „бомбите“, односносно со прислушуваните разговори. Убедени сме и јас и обвинетите дека станува збор за вмешаност на одредени структури и во понатамошниот тек од главната расправа ќе наведеме со име и со презиме кои се тие – рече Рауфи.

Адвокатот соопшти дека на денешната главна расправа вовоедни зборови дале двајца адвокати од одбраната, кои застапуваат 18 обвинети. Другите адвокати, според Рауфи, своите воведни зборови ќе ги дадат на 11 февруари.

Обвинетите за „Диво Насеље“: Не сме виновни за тероризам!

Судскиот совет денеска ги доставил термините за наредните рочишта, кои ќе бидат закажани за наредниот месец.

На почетокот на судењето, претседателката на Судскиот совет, Верка Петковска, ги отфрли како неосновани приговорите на адвокатите за неисполнување на условите за почеток на судењето, поради тоа што не било извршено психијатриско вештање на обвинетите и барањето Специјалното јавно обвинителство да го преземе случајот.

Судијата Петковска рече дека барањето за изземање на обвинителите се отфрла како неосновано, додавајќи дека од СЈО до судот не е доставено известување за преземање на предметот, а сè дотогаш надлежно за случајот е Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција.

 

META

Слични содржини