Раул за Левандовски: Не знам дали е добар за Реал

од Vladimir Zorba

Легендата на Реал Мадрид, Раул направи интересен коментар за тоа дали стрелецот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски може да премине на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ од летото.

„Роберт Левандовски е многу добар напаѓач. Но не знам дали може да заигра за Реал Мадрид. Во моментов имаме доста добри офанзивни фудбалери – Бејл, Кристијано, Бензема, Мајорал“, прокоментира Раул пред телевизијата Sport1.de.

„Левандовски е многу добра опција, но не само за Реал Мадрид. Тој веќе игра за доста добар тим. Не знам што ќе се случи во иднина, но се разбира дека тој е доста добар напаѓач“, додаде Шпанецот.

Според телевизијата „Скај“ во последниве недели луѓе од опкружувањето на Полјакот воделе интензивни преговори со генералниот директор на Реал, Хозе Анхел Санчез.

Слични содржини