Разбојничка кражба во селото Сливник: Додека таткото бил во Италија од ќерките го украле златото

од Берта Китинска

Две лица доцна синоќа извршиле разбојничка кражба во селото Сливник.

Додека сопственикот на куќата бил во Италија, а неговите четири ќерки во домот, крадците преку прозорецот влегле внатре.

Тие со пиштол и тврд предмет им се заканиле на женските лица и одзеле златен накит и часовник, по што побегнале, информираат од МВР.

Случајот во полицијата го пријавил братот на сопственикот на куќата.

Слични содржини