Разголена госпоѓа Афлек: Првата објава на Џеј Ло откако се омажи за Бен Афлек (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Џенифер Лопез од вчера е Џенифер Афлек откако се омажи за познатиот актер Бен Афлек, а денес го привлече вниманието со првата објавена фотографија на Инстаграм откако стана негова сопруга. Таа позираше на креветот со блага насмевка и без шминка.

На фотографијата Џенифер лежи гола во кревет покриена со јорган, а во раката држи мобилен телефон, а во очи паѓа нејзината бурма.

Да потсетиме, Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа минатиот викенд во Лас Вегас. Свадбените фотографии Џенифер ги објави на својата официјална веб-страница.

„Успеавме. Љубовта е убава. Љубовта е љубезна. Се покажа и дека љубовта е трпелива. Бевме трпеливи дваесет години“, напиша таа и додаде дека тоа била најдобрата ноќ во нивниот живот.

Актерката и пејачка за оваа пригода носеше две венчаници – едната на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, додека другата беше сочувана од еден од филмовите во кои глуми.

Инаку, во записите на округот Кирк стои дека актерката и пејачка го променила името во Џенифер Афлек.

Слични содржини