Разговараат Марјановиќ, Јокиќ и Стојаковиќ: „Си ослабел, те малтретира жената?!“ (Видео)

од Vladimir Zorba

Дуелот помеѓу Денвер и Далас беше идеална можност да се дружат кошаркарите од Србија, барем на кратко. Така Никола Јокиќ и Бобан Марјановиќ се најдоа во смешен разговор со членот на стручниот штаб на Денвер – Огњен Стојаковиќ.

Додека стоеја во центарот за време на загревањето, Боби прв го „изгоре“ Стојаковиќ поради тоа што ослабел.

„Погледни колку ослабел. Можно е толку да си ослабел“, изјави српскиот гигант од редовите на Далас, кој не влезе во игра во победата над Денвер 116:103.

Јокиќ констатира дека Стојаковиќ се избричил, а Огњен со насмевка потврди дека изгубил тежина на претходното прашање на Боби.

И тогаш Марјановиќ, познат како шегобиец, го упати следното прашање што ги насмеа сите тројца: „Брату, ќе се уништиш. Да не те малтретира жена ти? “

Инаку, Огњен Стојаковиќ е дел од стручниот штаб на Мелоун.

Слични содржини