Разговор меѓу Бајден и Макрон: Соработка во областа на глобалното здравје во рамките на СЗО

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон вчера телефонски разговараа за првпат откако Бајден ја презеде функцијата.

Во разговорот, Бајден изрази желба за зајакнување на билатералните врски, објави Белата куќа.

Се додава дека Бајден ја потенцирал неговата посветеност на зајакнување на трансатлантските односи преку НАТО и американското партнерство со Европската унија, пренесува „Ројтерс“.

Во изјавата на францускиот претседател се вели дека Макрон и Бајден споделиле ставови за кризата и меѓународната безбедност.

Тој исто така рече дека двете земји ќе соработуваат во областа на глобалното здравје во рамките на Светската здравствена организација.

Слични содржини