Антропологот Гери Чик од Универзитетот во Пенсилванија неодамна ја претстави теоријата дека една од најважните карактеристики во потенцијалниот сексуален партнер е разиграноста.love_sex1

Овој квалитет зборува за ниското ниво на агресија кај мажите и за енергичноста кај жените.

Тезата му беше потврдена од психолози од Универзитетот во Цирих, кои спровеле студија со 327 млади луѓе од Германија, Швајцарија и Австрија.

На нив им бил даден список со 16 карактеристики. Односно тие морале да одговорат на прашањето колку се важни овие квалитети за едни сериозни односи. Мажите и жените биле на едно мислење по прашањето за важноста на разиграност. Сепак имало некои разлики. Кај жените чувството за хумор се покажало поважно отколку кај мажите. За возврат мажите барале повеќе потенцијалната партнерка да биде интересна.

Меѓу најпознатите ценети карактеристики се уште дружељубивоста, веселост и умот.

Интересно е дека разиграноста останала поважна од пример високото образование, добрите гени или религиозноста.

Анализата покажа уште дека учесниците кои сметале себеси за игриви, ценеле кај партнерот ист квалитет како и хумор, флуентност и сл. Волонтерите со интимни врски биле поигриви од самотниците.

Слични содржини