Разладете ги вашите миленици бидејќи тие и кога е најтопло шетаат во крзнени бунди

од desk4

Кучињата и мачките вишокот на топлината ја пренесуваат со издишување на воздух (80 проценти), преку кожа, уши и крзно, а се потат само преку мекотелите на шепите.

Додеска некои кучиња уживаат во сонцето други, потешко ја поднесуваат топлината. Најважно е да не предизвикате хипертермијата кај вашето милениче. Таа се добива кога животните се затворени во мал простор (на пример, автомобил) или се на плажа, во жешките летни денови кога нивната способност за ладење е намалена.
Сопственикот прави класична грешка ако своето милениче го остави во затворен автомобил во кој температурата брзо се искачува до 100 степени Целзиусови!
Во летните денови некои миленичиња инстинктивно сакаат да останат дома и да се разладуваат на ладни керамички плочки.
Ако планирате да го шетате своето милениче или да си играте со него, тогаш тоа правете го рано наутро или. пак, навечер кога воздухот е постуден. Во овој период и песокот или асфалтот е постудена, па така нивните перничиња на шепите не може да бидат повредени или изгорени. Ако не можете да ја држите дланката на асфалтот повеќе од 5 секунди, тоа значи дека асфалтот е премногу жежок за вашите шепи!

Миленичињата се склони кон дехидрација, исто како и ние. Секогаш обезбедувајте им доволно вода. Со вдишување на воздухот, животните се ладат, но во исто време ја губат течноста што треба да се замени, особено по времето поминато во топлина. Решенијата за рехидратација со додавање на електролити се добро решение. Домашните миленичиња честопати ќе бидат помалку заинтересирани за храна во текот на летото. Понудете им полесен оброк рано наутро или навечер и проверете дали варената и конзервирана храна полесно се расипува во лето.

Слични содржини