Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Штип е 64 гласови

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Штип е 64 гласови

Општинската изборна комисија-Штип ги објави резултатите од вчерашните предвремени парламентарни избори, според кои ВМРО-ДПМНЕ е победник со 10.141 глас, наспрема СДСМ кој има освоено 10.077 или двете политички партии имаат тесна разлика од 64 гласови.

Во споредба со предвремените Парламентарни избори од 2016 година разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Штип беше 850 гласови, на овие избори оваа разлика е стопена за над 780 гласови и според политичките аналитичари ова е голем успех за редовите во СДСМ на локално ниво во изминатите 18 години, кое на изборите до 2016 година губеше и со над 7.000 гласови.

Трета партија која има освоено поголем број гласови е „Левица“ со 1.257 гласови, потоа следува ГДУ со 624 гласови.

На избирачкиот список на предвремените парламентарни избори 2020 година во Штип со право на глас беа 41.813 граѓани, вкупниот број на важечки гласачки ливчиња во 80-те гласачки кутии изнесува 23.112, неважечки ливчиња се 955, а правото на глас не го искористиле 17.746 раѓани, кои се впишани во избирачкиот список.

loading...