Разликувајте заштитна маска од обичен прекривач за лице

од Elena Daskalova

Факт е дека во овој момент е навистина тешко да се дојде до медицински маски за лице, кои до неодамна беа достапни во секоја аптека и по ниски цени.

Поради тоа, многумина пристапија кон алтернативни решенија, покривање со марама, маски од обичен текстил, но постои причина зошто таквите маски не се класифицираат како ефикасни особено во случаи како што е сегашниот, пандемија на релативно нов и непознат вирус

Вистина е дека можат да заштитат, но во ограничен временски интервал, доста помал отколку на обичните маски и треба редовно да се перат на високи температури и да се дезинфицираат со пегла.

Медицинските маски имаат густ слој од целулоза, што е клучна разлика меѓу нив и текстилните материјали. Точно, подобро е памучна маска отколку никаква, но не очекувајте преголемо чудо и исклучителна заштита од неа.

Слични содржини