Белгискиот олеснувач во преговорите на работните групи на политичките партии Питер Ванхауте, и реакциите од медиумската заедница, ја разгледува можноста директно да бидат вклучени медиумските организации во преговорите за реформи во медиумите. Извори од работните групи велат дека постои расположение во преговорите да бидат вклучени и новинарите, иако  ВМРО – ДПМНЕ се уште не е за ова.

медиуми

НЕспорно е како и кај другите точки од договорот од Пржино е дека решенијата за медиумите ќе се договараат во 5 до 12 , и тоа веднаш по враќањето а олеснувачот Питер Ванхауте од Брисел

Извори од преговорите велат дека  сите тимови ги доставиле своите предлози,  а олеснувачот им дал и дополнителен рок за дополнителни предлог решенија. Ванхауте како краен рок за договор го најавува  петок, што според дел од преговарачите би значело дека медијаторот по враќањето во Брисел можно е да им испорача готови решенија за кои би имало дебата, и евентуални надоилнувања.

Денес или  утре ќе се знае и како ќе дејствува медиумската заедница кои направија пресс пред клубот на  пратениците и побараа нивна вклученот .Во спротивно поради ваквата затвореност на преговорите кои се однесуваат токму на медиумите , ЗНМ и Независниот синдикат на новинарите беа многу конкретни и најавија протести и дека нема да ги следат изборите, ако и медиумските работници не се дел од работните групи каде се преговара за  реформи во медиумите.

Единствен напредок во дводневните преговори досега е постигнат околу делото за насилство врз новинарите. Според информациите постигнат е компромис за тоа дека секој новинар мора да биде заштитен од напади, дека кога има сериозни индиции за насилство врз некој новинар тој да добие полициска заштита, како и во судовите да бидат поажурни во расчистување на овие дела. Партиите мора да се согласат и за кадровски смени во МРТ, МИА, како и системски решенија за тоа како ќе се финансира МРТ, што ќе биде со владините реклами.

 

Слични содржини