Разорен земјотрес го погоди Чиле: Јачина од 6,5 степени според Рихтер

од Nikola Popovski

Силен земјотрес вечерва ја погоди јужноамериканската земја Чиле.

Магнитудата на земјотресот била 6,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 17 километри северозападно од Калама.

Засега нема информации дали има повредени или материјална штета.

Потсетуваме, најсилниот земјотрес забележан во историјата се случи токму во Чиле на 22 мај 1960 година. Земјотресот бил со јачина од 9,5 степени според Рихтеровата скала и однел околу 6.000 животи.

Илјадници биле ранети, а два милиони луѓе останаа без покрив над главата.

Слични содржини