Разорниот земјотрес во Турција однесе шест животи, повредени повеќе од 200 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку шест лица загинаа, а 202 лица беа повредени во Турција по силниот земјотрес што го погоди грчкиот остров Самос.

Според последните информации, земјотресот бил почувствуван и во Бугарија и Албанија.

Властите во Турција соопштија дека имаат голем проблем што не можат да стапат во контакт со рибарите кои се нашле во Егејското Море за време на земјотресот, затоа што истиот кренал високи бранови и се стравува дека ги загубиле своите животи.

Си-Ен-Ен Турк известува дека државата ќе испрати 307.000 евра за помош на регионите погодени од овој силен земјотрес.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кратко по земјотресот рече дека се мобилизирани сите нивоа на власта за да му помогнат на Измир.

Слични содржини