Разрешена судијката Кичеец, која го водеше случајот за убиството на Матилоски

На денешната седница, судскиот совет разреши еден судија, а за уште двајца се утврдени нестручно и несовесно работење.

Неофицијално, разрешена е судијката Весна Кичеец, која во јавноста беше запазена со случајот врзан за увбиството на 27-годишниот Димитар Матилоски од Охрис, кој беше убиен пред бар во центарот на градот. Во овој контекст, на Кичеец судскиот совет и забрани да суди. Иако не објаснуваат официјално за кого станува збор, судскиот совет на својот веб портал објавија свое кусо образложение.

„Донесена е Одлука со која е разрешен судија од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено е донесена Одлука за времено оддалечување на судијата од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката“, се вели во образложението од судскиот совет.

Од судски совет велат дека за во јануари имаат закажано уште седници на кои ќе се разгледуваат преставки за несовесно постапување на судии.

Слични содржини