Разрешениот Зврлевски поднел барање за апанажа до Собранието

од desk2

Поранешниот Јавен обвинител на Македонија Марко Зврлевски, кого парламентарното мнозинство го разреши на 17 август годинава, поднел барање за апанажа, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од Советот на јавни обвинители. Барањето за апанажа Зврлевски го поднел до собраниската Комисија за избори и именувања, бидејќи беше функционер кого на функцијата државен обвинител го имаше избрано Собранието.

Ретките говорници од пратеничката група на СДСМ за време на маратонската седница со која колегите од ВМРО-ДПМНЕ го блокираа разрешувањето на Зврлевски, апелираа тие да дозволат порано да се разреши и ако сметаат дека е прекршена процедурата, да покренат соодветна постапка за тоа. Дури препорачуваа и Зврлевски да покрене судска постапка ако смета дека неговото разрешување не е во ред, место да се трошат народни пари во бескрајни празни дискусии и меѓусебни реплики кои траеја десетици денови.

Но, Зврлевски веднаш по разрешувањето, си поднел барање до Собранието, за да си го искористи правото на една година апанажа по напуштањето на функцијата. Комисијата треба да заседава и да одлучи дали Зврлевски ги исполнува условите за апанажа.

Зврлевски нема право да се врати како обвинител, на местото од кај што дојде, а тоа е Скопското јавно обвинителство. Во законот е пропишано дека обвинител кој е разрешен од Собранието за нестручно и несовесно работење, како што е случајот со него, нема право да се врати на претходното работно место во обвинителството, за разлика од сите останати обвинители на кои законски им истекол мандатот./СДК

Слични содржини