Развод од 146 милијарди: За колку пари ќе биде побогата Мелинда Гејтс?

од Nikola Popovski

МЕЛИНДА Френч Гејтс (56), американски хуманитарец и до вчера сопруга на основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс (65), по разводот, би можела да стане втората најбогата жена во светот, со богатство проценето на 73 милијарди долари.

Пред неа би била само Франсоаза Бетанкур Маерс (67), сопственичка на козметичката компанија „Лореал“, чие наследно богатство сега вреди околу 83 милијарди долари.

Во документите за развод што ги поднесе пред округот Кинг во Сиетл, Вашингтон, Мелинда рече дека нејзиниот 27-годишен брак со милијардерот Бил Гејтс е готов и го повика судот да го сподели нивното богатство, за кое индексот на милијардерите во Блумберг проценува на 146 милијарди долари. Бидејќи Мелинда и Бил не потпишаа предбрачен договор пред нивната венчавка во 1994 година, според законот на државата Вашингтон, поранешните сопружници го делат имотот половина и половина.

Гејтс моментално е рангиран како четврта најбогата личност на планетата, а можеби и понатаму е најбогат ако не донираше 40 милијарди долари на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, основана од неговата сопруга. Двајцата се обврзаа дека половина од своето богатство, по смртта, ќе го дадат на хуманитарни организации. Нивната фондација вреди 50 милијарди долари, а годишно дава околу пет милијарди за јавно здравје и развој. Гејтс се исто така најголеми сопственици на земјоделско земјиште во САд, а да не ги спомнуваме и фантастичните куќи, големата флота автомобили, приватни авиони и хеликоптери, тетратката со белешки на Леонардо да Винчи, вредни уметнички слики …

За време на 27-годишниот брак, Бил и Мелинда Гејтс имаа три деца. Најстара е Џенифер (25), потоа нивниот единствен син Рори (21), а најмладата е Фиби (18). Гејтс, наводно, се многу строги родители. Дури, како што еднаш пишуваа медиумите, тие не дозволувале деца да користат мобилни телефони се додека не наполнат четиринаесет години.

Одлуката да не им се остави богатството на неговите деца ја објави ко-основачот на Мајкрософт пред неколку години. Како што рече, на своите деца ќе им остави само 10 милиони долари од 130 милијарди, колку што проценува Фобрс дека Гејтс е богат. Тоа значи дека Џенифер, Рори и Фиби ќе наследат нешто помалку од еден процент од богатството на нивниот татко.

Гејтс ја објасни својата одлука со следниве зборови: „Дефинитивно мислам дека оставањето голема сума пари е лоша услуга. Ворен Бафет зборуваше за тоа во 1986 година и ме натера да размислувам за тоа и да сфатам дека тој беше во право“, рече тој.

Во едно од интервјуата, милијардерот дури рече дека неговите деца се „горди што нема да наследат скоро ништо од тоа богатство“.

„Моите деца ќе добијат образование и мораат да градат свои кариери и животен пат. Толку многу пари би ги уништиле нивните животи “, рече тој и додаде дека во наредните години целиот капитал што го стекнал ќе го донира на неговата хуманитарна организација, која се бори за намалување на болестите и сиромаштијата во светот.

Слични содржини