Тоа го покажа истражување извршено од Универзитетот во Сантијаго ди Компостела, Шпанија.Во него учествувале 467 деца на возраст од 2 до 18 години. Некои од нив биле со разведени родители, а останатите – не. Научниците констатирале дека децата со разведени родители имале два пати почесто здравствени проблеми од децата со стабилни семејства.

Поради разводот на родителите децата имаaт повисок ризик од проблеми со нервниот систем, гастроинтестиналниот тракт, кожата, уринарниот систем.

Разводот не е влијаел на дишењето, срцето, мускулите, слухот, видот и веројатноста од алергија.

Експертите сметаат дека причина за здравствените проблеми кај ваквите деца е не толку самиот развод, колку тоа како со него се справиле родителите. Многу од нив не можат да ги зачуваат добрите односи по разводот. Тоа за возврат влијае негативно врз здравјето на децата.

Слични содржини