Развојна банка: Нови 8,8 милиони евра од Ковид 3 бескаматната кредитна линија се одобрени

од Nikola Popovski

„Уште 8,8 милиони евра кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија се одобрени како дел од втора група. Вкупно досега се одобрени 1.276 кредитни барања  во износ од 14,7 милиони евра кои вработуваат 9.450 лица“, објави Развојната банка.

Според структурата на досега одобрените кредитни барања, 715 кредитни барања доаѓаат од мали компании, 475 барања се од микро компании, 67 кредитни барања се од трговци-поединци и 19 кредитни барања се од занаетчии, прецизираат од Развојната банка.

Најголем дел од одобрените 1.276 кредитни барања, додаваат, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 32 отсто, а по него следи Полошкиот регион со 16, Југозападниот регион со 13 и Југоисточниот регион со 11 отсто. Источниот и Пелагонискиот регион доаѓаат следни со 9 отсто од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат 5 отсто од одобрените кредитни барања.

Слични содржини