Реакција од Општина Маврово и Ростуше по приведувањето на раководителот на урбанизам

од Љубиша Владимиров
4,6K прегледи

Општина Маврово и Ростуше изрази зачуденост и разочарување поради објавените информации во медиумите за наводен побаран и примен поткуп од страна на раководителот на одделението за урбанизам.

„Како локална самоуправа, најостро осудуваме било каква форма на коруптивно однесување и бараме од надлежните органи што побрзо да го расчистат случајот“, се вели во реакцијата на општината.

Локалните власти истакнуваат дека досега секогаш работеле во интерес на граѓаните, подобрувајќи ги општинските услуги и условите за живот преку реализација на значајни капитални проекти.

„Ваквите индивидуални чинови на дејствување не ги поддржуваме и не сакаме никаков сомнеж за корупција да остане нерасчистен. Целосно стоиме на располагање на надлежните органи за расчистување на случајот“, додаваат од Општина Маврово и Ростуше.

Слични содржини