Реакции на САД и Германија за изгласаната одлуката за формирање косовска војска

од desk2

САД го поздравија Косово за изгласувањето во Парламентот за формирање армија и ја потврдија својата „поддршка за трансформирањето кон сили со мандат за територијална одбрана, суверено право кое го има Косово“.

Американската амбасада во Приштина побара од Косово да ја продолжи „блиската соработка со сојузниците од НАТО и партнерите и да се занимава со потребите на малцинските заедници“.

– Регионалната стабилност бара од Косово да вложи реални напори за нормализирање на односите со својот сосед Србија, се наведува во соопштението од Амбасадата, додавајќи дека двете страни треба итно да ги намалат тензиите и да создадат услови за брз напредок на дијалогот.

Германија во својата реакција вели дека гласањето во косовскиот Парламент не треба да се искористи за зајакнување на тензиите во регионот.

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Рајнер Бројл изјави дека „Косово, како суверена држава, има право да формира редовни вооружени сили“.

Тој ја потенцира неопходноста на Косово и Србија да ги нормализираат односите и да покажат воздржаност, додавајќи дека „одобрувањето на законите не треба да се употреби како причина за натамошна ескалација на тензиите“.

Слични содржини