Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека борбите со палестинските екстремисти од Исламски џихад, што избија откако Израел го уби нивниот командант за северниот дел од Појасот Газа, можат да бидат долготрајни.

-Израел не е заинтересиран за ескалација, но ќе сториме се што е потребнио за да се заштитиме, рече Нетанјаху пред новинарите во воениот штаб, пренесоа британските медиуми.

„Ова може да потрае. Потребна е издржливост и ладнокрвност, рече Нетанјаху.

Израел рано утринава го уби командантот на палестинската милитантна група Абу ел-Ата, во воздушен напад изведен во Појасот Газа, на што екстремистите одговорија со ракетирање на израелските градови, вклучувајќи го и Тел Авив, пренесоа американските медиуми.

Слични содржини