Реакција на родителите на новинарката која правеше репортажа за свингери, па им се приклучи (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Данската новинарка Луиз Фишер (26) направи репортажа за свингер-клуб и се сними како го интервјуира човекот со кој во моментот имала сексуален однос. Таа вели дека тоа било одлично искуство за неа.

Луис Фишер ја направи репортажата за радиостаницата, а откако беше објавена и за време на истата се слушаат воздишки, таа доби поддршка од нејзините родители.

Таа вели дека нејзината мајка мисли дека тоа е смешно, додека татко ѝ кажал дека е „кул“.

Репортажата ја правела во свингерскиот клуб Swingland во Ишо, близу Копенхаген, на почетокот на оваа година, а во меѓувреме призна дека нејзиниот секс во клубот не бил најдобриот што го имала некогаш.

На клип од интервјуто кое се емитуваше во утринската емисија на Радио 4, се слуша како Луиз стенка додека има сексуален однос со човекот со кој разговараше во тоа време.

Клипот беше објавен и на Твитер по шоуто.

– Повеќето реакции беа позитивни, многумина сметаат дека тоа беше храбро и кул. Други мислат дека ја преминав границата во новинарството. Немам момче и затоа сето ова беше дефинитивно полесно. Мајка ми смета дека е смешно, а татко ми исто така рече дека е кул – зборуваше таа за реакциите што ги добила.

Иако поминала неколку часа во клубот, репортажата била долга само неколку минути.

Слични содржини