Реакцијата на Маск при полетувањето на Falcon Heavy е непроценлива

од Vladimir Zorba

Елон Маск може да биде милијардер, но тој не е типичен бизнисмен кој ги гледа работите само низ призмата на парите. Јужноафриканецот се покажа дека има момчешки дух и често реагира емоционално. Значи, тешко дека може да очекувате дека ќе остане рамнодушен кога, по толку многу испитувања, новата моќна рекета Falcon Heavy конечно полета во вселената.

„Holy flying fuck, that thing took off“ (преводот ви го оставаме на вас), извика Маск, кога ракетата полета и нема враќање назад.

Не постои друг начин, земајќи го во предвид колку напори и ресурси компанијата вложи во овој проект.

Претходно оваа недела, SpaceX успешно го истрела најмоќното вселенско летало Falcon Heavy во светот. Целиот процес беше речиси како што беше планирано, освен за неуспехот на еден од трите акцелератори. Сепак, мисијата заврши успешно, доведувајќи го автомобилот Тесла во орбита со кукла на седиштето на возачот.

Инвеститорот, исто така, имплицира некои од следните планови на SpaceX. Тој најави дека новата верзија на капсулата Dragon е скоро подготвена. Таа ќе може да носи луѓе, а исто така ќе игра голема улога во идните мисии на SpaceX на Марс.

Слични содржини