Реал без Рамос? Можно е …

од Stefanija Kuzmanovska

Серхио Рамос и Реал не постигнале договор. Поточно, сè стои во место, иако капитенот на клубот инсистира на преговори, клубот не брза, тој има договор до 2021 година и шефовите дури би можеле да дозволат да истече, доколку во меѓувреме најдат замена.

Милитао, кој беше купен за 50 милиони, не покажа дека ќе може да „влезе во чевлите“ на Рамос, од друга страна Рамос сака да се обезбеди себеси, да потпише договор до 2023 година, но Перез не се согласува.

Тоа би значело, со други зборови, ако капитенот, кој вчера наполни 34 години, останува уште три сезони, но не сака да му се намали платата, што е околу 12 милиони евра.

Тој смета дека е подготвен да игра на највисоко ниво уште неколку години, но се чини дека со тоа не се согласуваат од Реал, и би му понудиле во текот на следната сезона евентуално продолжување на една година и за помалку пари.

Поради ова, менаџерите на Рамос ја пуштија приказната дека тој ќе бара да го напушти тимот ова лето, споменувајќи го Јунајтед каде своевремено требаше да заврши, принудувајќи го Реал да му даде огромна плата, како и Јувентус.

Наводно, да ги намали трошоците, Јуве е подготвен да го продаде Бонучи на Гвардиола и да земе големи пари за неговиот одбранбен играч, што би го донело Рамос како алтернатива. Веќе ги имаат Де Лихт и Демирал, а уште неколку години му остануваат и на Кјелини.

Но, тоа се приказни, и ќе видиме што се случува со Рамос без кого Реал не може да се замисли во последните 15 години.

Слични содржини