Реал е крал на Мадрид

од Vladimir Zorba

Во големото мадридско дерби, Реал Мадрид го совлада лидерот Атлетико како домаќин во 13. коло од Ла Лига, и со тоа ја продолжи серијата без пораз во меѓусебните дуели.

Не само што Реал врза 10 натпревари без пораз против големиот градски ривал, туку шампионот се приближи на лидерот на само три бода. Сепак, со меч повеќе, Атлетико ќе има шанса повторно да избега на +6.

Што се однесува до натпреварот на стадионот „Алфредо ди Стефано“, Реал беше доминантен од првата до последната минута. Покрај головите на Каземиро во 15. минута и на Карвахал во 63. минута, Реал имаше уште неколку одлични можности, пред се, статива на Бензема, но и фантастичен удар на Лукас Васкез.

Колку беше немоќен Атлетико најдобро говори податокот дека првиот удар кон противничкиот гол го упати дури во 55-та минута, кога Тома Лемар имаше одлична можност, а во рамките на голот едвај во во 80-тата минута.

Сепак, Атлетико остана лидер со 26 поени, но тие се загрозени од Реал Сосиедад, кој има само еден бод помалку и го игра својот натпревар утре. Реал е трет со 23 поени и натпревар повеќе од Атлетико.

Слични содржини