Реал го најави враќањето на Роналдо?

од Nikola Popovski

Реал Мадрид на необичен начин реагираше на веста дека 37-годишниот Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Светските медиуми во неделата објавија дека Португалецот сосема неочекувано, само еден месец откако објави дека останува, на челниците на Манчестер Јунајтед им порачал дека сака да го напушти Олд Трафорд доколку добие добра понуда.

Многу брзо ќе се знае дали пристигнала понуда до Роналдо, иако Реал Мадрид испрати двосмислена порака на социјалните мрежи:

„За девет сезони во Реал Мадрид, Кристијано постигна 451 гол и стана најдобар стрелец во историјата на тимот“, се вели во соопштението на кралскиот клуб.

Во продолжение Реал на социјалните мрежи објави видео од најубавите голови на Португалецот во Лигата на шампионите со дополнителен коментар:

„Кристијано и головите во Лигата на шампионите – ЉУБОВНА ПРИКАЗНА! CR7 + Лига на шампиони = ГОЛОВИ!“

И сето тоа без причина, односно по веста дека Роналдо сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Португалецот играше за Реал Мадрид од 2009 до 2018 година и ги собори сите клупски рекорди кога се во прашање головите. Вкупно освои 15 трофеи, од кои четири ЛШ!

Кристијано Роналдо неочекувано се врати во Манчестер Јунајтед во август минатата година и постигна 24 гола со три асистенции на 38 натпревари во сите натпреварувања. Тој беше најдобар стрелец на тимот, но „црвените ѓаволи“ ја завршија сезоната без трофеј и на скромното шесто место во Премиер лигата.

Тој има договор со Јунајтед до крајот на јуни 2023 година. Тој денеска требаше да присуствува на првиот тренинг за новата сезона, но отсуствуваше поради „семејни обврски“.

Слични содржини