Реал Мадрид и Интер останаа без тренери во ист ден

од Nikola Popovski

Зинедин Зидан и Антонио Конте донеле одлука во само неколку часа да ја напуштат клупата на Реал Мадрид и Интер.

Зидан веќе се гледаше како поранешен, особено откако Реал остана без трофеј, а потврдата за заминувањето од Мадрид ја донесе италијанскиот новинар на Скај Спорт, Фабрицио Романо.

„Тој вечерва разговарал со неговите соработници и играчи и им рекол дека го напушт Реал. Во следните неколку часа ќе разговара со Флорентино Перез за да ја соопшти својата одлука, но тој дефинитивно заминува. Готово е“.

Французинот на овој начин го заврши својот втор мандат на клупата на „кралскиот клуб“, па навивачите на Мадрид ќе бараат нов тренер, додека Зидан ќе може да ги одмери понудите пред да се врати во фудбалот.

Од друга страна, заминувањето на Конте, иако на некој начин исто така најавено, доаѓа како големо изненадување. „Нероазурите“ убедливо ја освоија титулата, следната сезона требаше да биде чекор напред, со потенцијален напад на Лигата на шампионите, но финансиската криза, за која се дискутираше претходните недели, се чини дека доби сериозен пресврт, па сезоната 2021/2022 ќе биде многу потешка, особено затоа што клубот ќе игра на два фронта.

Сè уште не е познато каде би можеле да бидат двајцата тренери следната сезона, но нема сомнеж дека тие ќе бидат меѓу најбараните имиња, особено ако клупата на Јувентус биде испразнета.

Слични содржини