Реал Мадрид ќе ги намали платите? Тоа нема да се случи!

од Stefanija Kuzmanovska

Sвездите на Барселона незадоволни ги напуштија разговорите со лидерите за намалување на платите, по што клубот со најголеми плати на играчи во Европа мораше самоиницијативно да ја „намали“ заработкаta за време на пандемијата на коронавирусот за дури 70 проценти.

Нивниот најголем ривал не ни помислува на тоа.

„Реал Мадрид нема потреба да ја намалува платата на играчите заради финансиската моќ“, објавија денеска шпанските медиуми.

Причината?

Буџетот на Реал Мадрид е помалку од 50 проценти од приходот на клубот, додека е околу 80 во Барселона, што предизвикува пад на заработката.

Бројни клубови во Шпанија најавија дека ќе ја искористат програмата за привремено отпуштање што се активира за време на вонредна состојба кога компаниите губат профит.

Атлетико Мадрид ги намали платите на персоналот со образложение дека „ова е единствениот начин да се гарантира опстанок на клубот“. Еспањол намали 70% од надоместоците за играчите и штабот, а истото го стори и Барселона.

Слични содржини