Реал Мадрид се исмеа на понуда на Јунајтед за нивни дефанзивец

од Vladimir Zorba

Раководството на Манчестер Јунајтед е подготвено да направи многу смешна понуда за францускиот дефанзивец на Реал Мадрид, Рафаел Варан, пишува „Дијарио гол“.

Вестите околу тоа дека Жозе Мурињо сака максимално брзо да го привлече квалитетниот стопер кружат низ медиумите на Островот во последните месеци и предвид грешките кои одбраната на „црвените ѓаволи“ ги прави, одлуката на Специјалниот е сосема разбирлива.

Весникот, исто така, пишува дека „Олд Трафорд“ ќе понуди во најмала рака изненадувачка понуда од 60 милиони евра, со која ќе се обиде да го земе францускиот дефанзивец.

Сепак, веројатноста Флорентино Перез да се раздели со дефанзивецот е во најмала рака илузорна.

Слични содржини