Реал може да испадне од Лигата на шампионите

од Nikola Popovski

Колку e сè можно во 2020 година, сведочи и фактот дека Реал би можел да испадне од Лигата на шампионите веќе во групната фаза. Агонијата на „краливте“ продолжи н гостувањето кај Шахтјор, кој заслужено славеше со 2: 0 и прилично ја усложни ситуацијата во групата Б.

Претходно „рударите“ славеа во Мадрид со 3: 2, па јасно е дека имаат лек за тимот на Зидан, кој има седум бода пред последното коло, исто како и Шахтјор.

Украинскиот клуб дојде до „рајските порти“ со головите на Дентин и Соломон,, а во последното коло му гостува на Интер, додека Реал го чека лидерот на групата Б Борусија Менхенгладбах и има пеколно тешка задача за да продолжи понатаму.

Слични содржини