Реал не сака да игра против Барселона, невиден скандал пред финалето за Купот

од Љубиша Владимиров
250 прегледи

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид одлучи да направи голем бојкот пред финалето на Купот на кралот против Барселона. Клубот, кој е познат како „Кралски“, одлучи да ги откаже сите активности пред натпреварот за трофејот, изразувајќи незадоволство што челниците на Ла Лига не го прифатиле нивниот предлог да се смени главниот судија, како и главниот ВАР судија.

Судијата на натпреварот, Рикардо де Бургос Бенгоече, денес одржа емотивна прес-конференција на која не можеше да ги задржи солзите, зборувајќи за огромниот притисок под кој се наоѓа по барањето на Реал Мадрид да биде заменет, како и главниот ВАР судија Пабло Фуертес.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, беше првиот што реагираше, одбивајќи да присуствува на заедничката вечера пред натпреварот. Клубот исто така го откажа и вообичаеното фотографирање пред финалето, како и прес-конференцијата.

Она што беше особено шокантно е одлуката на Реал да го откаже тренингот пред финалето!

Финалето на Кралскиот куп е закажано за сабота во 22:00 часот во Севиља. Сепак, некои шпански медиуми јавуваат дека натпреварот меѓу Реал и Барселона сè уште не е целосно потврден. „Во овој момент не е потврдено дали Реал Мадрид ќе се појави на теренот“, се вели во извештаите.

Слични содржини