Реал не се откажува од Мбапе, и доби нов сојузник – Роналдо

од Stefanija Kuzmanovska

Играчот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос, во германски подкаст зборуваше за заминувањето на Лионел Меси од редовите на Барселона. Тој посочи дека тоа е добра работа за „кралскиот клуб“, но дека подобра може да дојде само како последица на тој потег на Аргентинецот. Јасно, Германецот се надева дека доаѓањето на шесткратниот освојувач на „Златната топка“ во Париз, може да го донесе Килијан Мбапе на „Бернабеу“.

„Ќе видиме како ќе се развијат работите. Тој потег е добар за нас бидејќи нашиот најголем ривал остана без најдобриот играч. Последиците може да бидат уште подобри“.

Реал Мадрид не купи играч во последните три преодни рокови. Клубот се засили само со Давид Алаба, кој пристигна како слободен играч летово. Пандемијата влијаеше на финансиската состојба, а ниту изградбата на нов стадион не помогна.

Сепак, се чини дека нешто се „тркала зад ридот“ веќе некое време. Флорентино Перез одлучи да го пресели Мбапе на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ и се надева дека ќе може да го стори тоа до крајот на тековниот преоден рок. Многу работи укажуваат на тоа. И Кристијано Роналдо би можел повторно да помогне на „белите“.

Исто така беше напишано дека Французинот не бил воодушевен од доаѓањето на Меси на „Паркот на принцовите“ и дека ангажманот на Аргентинецот не го променил неговиот став за продолжување на договорот со клубот. Неговиот сегашен истекува на крајот на сезоната. Свесни се во Париз дека би можеле да останат без еден од најдобрите играчи во светот следното лето, без да заработат ниту цент од него. Сепак, сосема е јасно дека „Светците“ не сакаат да заработат пари. Тие го посакуваат трофејот во Лигата на шампионите и веруваат дека со Меси како член на големата тројка, можат да стигнат до него оваа сезона.

Реал има различни планови. Приоритет на клубот е Мбапе да пристигне во Мадрид до крајот на летниот пазар. Прашањето е како Флорентино Перез и неговите соработници планираат да го направат тоа, имајќи предвид дека ПСЖ не сака да продава. Сосема е јасно дека мислењето на челниците на клубот нема да се промени само со пари. Од друга страна, Реал плати 115.000.000 евра за Еден Азар, кога во моментот му остануваше уште една година соработка со Челси.

Перез дефинитивно ќе мора да ја стави раката во џеб ако планира да го пресели Мбапе во својот тим ова лето, но ќе бидат потребни многу работи за да се совпадне. Парите треба да бидат таму, со оглед дека Реал заработи 101.500.000 евра од продажба минатата сезона и уште 43.000.000 ова лето, а му се смешкаат и нешто помалку од 40.000.000 евра, колку што Арсенал плаќа за услугите на Мартин Едегард.

Слични содржини