Реал подготвен да се раздели со 6 фудбалери ова лето

од Vladimir Zorba

Реал Мадрид е подготвен летово да слушне понуди за шест играчи од сегашниот состав, тврди „Марка“. Тоа се играчи кои немаат статус на стартери и клубот може да си дозволи да остане без нив. Сите имаат договори со „белиот балет“, но четворица од нив имаат договори за само една година, што е уште една причина да ги продадат сега за да не си заминат како слободни играчи следното лето.

Станува збор за Дани Себајос, Маркос Алонсо, Лука Јовиќ, Маријано Дијаз, Хесус Вајехо и Андриј Лунин. Раководството на „кралскиот“ клуб ќе ги пушти на пазарот, но тоа не значи дека ќе биде подготвено евтино да се раздели од нив. Секој од нив ќе биде продаден само доколку на „Сантијаго Бернабеу“ пристигне доволно добра понуда за да го задоволи клубот.

Најдобра шанса за останување има голманот Лунин, кој може да биде задржан за конкуренција на Тибо Куртоа. Сепак, постои можност да биде ангажиран во друга екипа, каде што ќе стекне поголемо искуство и минутажа.

Слични содржини