Реал подготвил 80 милиони евра за Алаба

од Vladimir Zorba

Реал Мадрид е подготвен да ја победи Барселона во битката за левиот бек на Баерн Минхен, Давид Алаба, тврди Diario Gol.

Во материјалот се вели дека „белите“ подготвиле 80 милиони евра за Австриецот кој навести неодамна дека може да ја напушти „Алијанц Арена“.

Алаба, кој не беше убедлив при вчерашната победа со 3:1 над Бешикташ во Истанбул, има договор до 2021 година.

Ова ги комплицира обидите на кандидатите за неговиот потпис. Долго време се сметаше дека дефанзивецот е еден од најпосакуваните играчи од Барселона, но интервенцијата на Реал сигурно ќе ја крене неговата цена.

Сепак, се очекува дека Баерн нема да продаде еден од своите најискусни играчи, кој е на одлична фудбалска возраст – 25 години.

Слични содржини