Реал со проблеми пред „Ел Класико“, Варан заразен со коронавирус

Францускиот стопер Рафаел Варан е заразен со коронавирус, објави Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ на тој начин има дополнителни проблеми на позицијата дефанзивец, пред „Ел Класико“, кое се игра во сабота.

Трката за титулата во шпанското првенство се повеќе се вжештува, бидејќи Барселона и Реал ја намалија разликата во однос на Атлетико на само еден, односно три бода.

Еден од најважните натпревари на таа трка е секако претстојното „Ел Класико“ кое ќе се игра во сабота.

Реал ќе влезе значително ослабен на мечот против Барселона, особено во сегментот на одбраната, бидејќи нема да може да смета на капитенот Серхио Рамос, ниту на неговиот партнер на позицијата стопер Рафаел Варан.

Тимот од Мадрид објави дека Варан бил позитивен на коронавирус и дека тој нема да биде автоматски достапен на тренерот Зинедин Зидан за некое време.

Останува се помалку избор, очигледно е дека Зидан ќе ги избере Едер Милитао и Насо за стоперски тандем во „Ел Класико“, но постои опција францускиот стручњак да ја испрати истата дефанзивна линија на теренот како на мечот со Еибар.

Реал на тој натпревар славеше со 2:0, а „кралскиот клуб“ играше во формација со три стопери, каде Менди се приклучи на споменатите двајца, додека Марсело играше како дефанзивец од левата страна и Васкез од десната страна.

Добрата вест за Зидан е што во тренинг процесот се приклучија Еден Азар и Федерико Валверде, кои ќе бидат на располагање за мечот во сабота.

Барселона, пак, сигурно нема да може да смета на Роберто, Кутињо, Фати, додека настапот на Пике е под знак прашалник.

Слични содржини