Реал вечер ќе го промовира Лопеги

од Vladimir Zorba

Реал Мадрид ќе го претстави официјално својот нов тренер Хулен Лопетеги вечерва, најавија од Кралскиот клуб на својот сајт.

Стратегот се врати рано утринава во својата татковина, откако беше отпуштен од националниот тим токму поради договорот со „Белите“, за кој ја немаше известено федерацијата на земјата.

„ФК Реал Мадрид ќе го претстави официјално Хулен Лопетеги како тренер на првиот тим денес, 14 јуни. Тоа ќе се случи од 19:00 часот во претседателската ложа на „Сантијаго Бернабеу“, се вели во официјалното соопштение.

Засега не е јасно дали Лопетеги ќе одговара на прашања поврзани со она што се случи во Русија и сензационалната разделба со Фуријата часови пред стартот на Светското првенство.

Слични содржини