Ребаланс на буџетот – повеќе пари за приватниот и јавниот сектор

од Vladimir Zorba

Министерка за финансии Нина Ангеловска пред пратениците на првиот ден од собраниската расправа за ребалансот на буџетот најави дека ќе се обезбедат повеќе пари за повисоки плати во приватниот и јавниот сектор, алоцирање на средства онаму каде што има најголема ефикасност и каде може да се постигнат поголеми економски ефекти.

„Поставените цели за 2019 година целосно се насочени во фукција на постигнување на клучните приоритети на опшетсвото. Повисок раст на платите за раст на еконимија, зголемување на продуктивното вработување, подигнување на животниот страндард на населението, постигнување на повисоко ниво на социјлана правда и интензивирање на интеграциските процеси за ЕУ и НАТО“, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.

Слични содржини