Ребека го нарече Макрон „морон“ и повика да се блокира системот

од Nikola Popovski

Пејачката Ребека Јанковска вечерва се обрати пред Собранието на протестот против францускиот предлог. Таа имаше спремено говор, кој го читаше од својот мобилен.

-Мислите дека ако ставите француски парфем сте влегле во Европа? Не. Ви ги гледав лицата на вести и видов смрт за Македонија. Ништо не ви веруваме. Срам да ви е, рече пејачката пред присутните граѓани и демонстранти.

Таа го преименува францускиот претседател Емануел Макрон во „морон“.

-Која мајка ве родила? Предавници. Македонскиот народ е мирољубив, никому не му пречиме, не ги окупиравме Бугарите, истакна Ребека.

Таа прокоментира дека вака не ја замислувала Европа.

-Требаше одамна да кажете гласно не. Го слушав еднаш Османи како викал немал емоции кога преговарал за Македонија. Немал никакви емоции… Пријателе без емоции не се преговара за Македонија, кажа Ребека на протестот пред Собрание и додаде:

-Ако стоиме само вака ништо нема да направиме. Кучињата лаат, караванот да врви… Сите да се обединиме и да го блокираме системот, ништо да не работи. Македонија мора да победи, изјави пејачката.

Слични содржини