Ребел Вилсон призна дека има девојка и разбесни новинар: „Ми ја украде приказната“

од Stefanija Kuzmanovska

Популарната актерка Ребел Вилсон (42) одлучи веднаш да стави крај на гласините за нејзиниот љубовен живот и пред медиумите да го објават тоа, ја извести јавноста дека има нова девојка, Рамона Агрум.

Само неколку часа подоцна, колумнистот на „Сиднеј Морнинг Хералд“, Ендрју Хорнери ја коментираше нејзината одлука да ја објави оваа вест, тврдејќи дека тој дознал за врската и требало да биде првиот што ја објавил приказната за неа.

Планирал да го објави нејзиното „излегување од плакарот“, па се пожалил дека таа му ја „украла“ приказната.

– Ви благодарам за вашите коментари, тоа беше многу тешка ситуација, но се обидувам да ја решам на најдобар можен начин – коментираше Вилсон на Твитер.

„Значи, очигледно не беше изборот на Ребел Вилсон да излезе во јавноста со тие информации. SMH / the Age призна дека два дена претходно ја предупредиле дека ќе ја објават приказната. Што е уште полошо, во ова се вмешани мажи од Сиднеј Морнинг Хералд кои се отворено геј“, напиша Кејт Доак од Канал 10 на Твитер.

Холивудската актерка веста ја сподели на Инстаграм со своите фанови, а парот е во врска шест месеци.

„Мислев дека барам принц од Дизни… Но, можеби она што навистина ми требаше цело ова време беше принцеза на Дизни“, напиша таа во описот на објавата, која ги воодушеви нејзините фанови.

Слични содржини